Бизнис

Заборавете на програмирањето, иднината е во водоинсталатерите, столарите…, изјави директорот на Нвидиа

Иако младите често слуша дека нивните шанси за вработување се во опасност поради вештачката интелигенција која ги елиминира почетните работни позиции, извршниот директор на „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, има сосема спротивно мислење.

nvidia.com

Иако младите често слуша дека нивните шанси за вработување се во опасност поради вештачката интелигенција која ги елиминира почетните работни позиции, извршниот директор на „Нвидиа“, Јенсен Хуанг, има сосема спротивно мислење. Тој смета дека експанзијата на центрите за податоци отвора илјадници можности за млади професионалци, но само ако тие се подготвени да се образуваат во професионални училишта, според извештајот на „Форчн“ (Fortune).

„Ако сте електричар, водоинсталатер или столар – ќе ни требаат стотици илјади од вас за да ги изградиме сите овие фабрики. Секторот за квалификувани занаетчии во секоја економија ќе цвета. Ќе мора да се удвојува и удвојува секоја година“, изјави Хуанг за британскиот Channel 4 News.

Компанијата „Нвидиа“, производител на чипови, неодамна најави вложување од 100 милијарди долари во OpenAI за поддршка на изградбата на центри за податоци опремени со нивните AI-процесори. Според проценките на консултантската фирма МекКинзи, светските инвестиции во инфраструктура за центри за податоци ќе надминат 7 билиони долари до 2030 година.

Еден типичен центар за податоци со површина од 250.000 квадратни метри ангажира до 1.500 градежници за време на фазата на градба, каде многумина од нив годишно заработуваат над 100.000 долари, вклучително и прекувремено, без потреба од високо образование. Откако ќе се заврши конструкцијата, тој објект вработува околу 50 стални вработени, а секој од нив индиректно генерира дополнителни 3,5 работни места во околината.

Ставот на Хуанг за зголемување на бројот на квалификувани кадри се совпаѓа со неговата визија дека технолошкиот напредок бара фокус на хардверската и физичката димензија, а не само на софтверот. Кога порано годинава беше прашан што би учел доколку има 20 години, тој откри дека би се насочил кон студии поврзани со физиката.

Хуанг не е единствен што алармира за идниот дефицит на стручњаци. Во првите месеци од годината, шефот на „БлекРок“, Лари Финк, ги сподели своите ризици пред претставници на Белата куќа, нагласувајќи дека протерувањата на странската работна сила и незаинтересираноста кај младите Американци го попречуваат развојот на AI-центрите.

„Дури им кажав и на членовите на тимот на Трамп дека ќе ни снема електричари што ни се потребни за изградба на центри за податоци со вештачка интелигенција. Едноставно немаме доволно од нив“, рече Финк на конференцијата за енергетика во март.

Слично, директорот на „Форд“, Џим Фарли, ја истакна разликата меѓу политичките планови за враќање на производството во САД и реалниот капацитет на работната сила. „Мислам дека намерата е таму, но нема ништо што би ја поддржало амбицијата. Како можеме да го вратиме сето тоа во земјата ако немаме луѓе што ќе работат?“, изјави Фарли за „Аксиос“.

Во својата објава на „Линкедин“ од јуни, тој посочи дека САД се соочуваат со недостиг од 600.000 работници во фабриките и 500.000 во градежништвото.

Најнови вести од: Бизнис

По СЕПА, инстант плаќањата се следниот чекор во модернизацијата и регионалното поврзување на платниот систем

Крајната цел е премин од стандардни кон инстант плаќања во денари и евра и интегрирање на домашниот платен систем во поврзан регионален и европски платежен екосистем.

Министерката за финансии најави буџет од 7,2 милијарди евра за 2027

За капитални расходи во 2027 година се предвидени околу 663 милиони евра. Средствата треба да се насочат кон патната и железничката инфраструктура, образованието, енергетиката и комуналните проекти. За пензии се издвојуваат дури 2 милијарди евра.

Од 2027 нова обврска пред патување во Шенген зоната – се воведува системот за одобрување на патување

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во писмо испратено до земјите членки пред октомврискиот состанок на Европскиот совет најавила дека ETIAS се очекува да биде активиран следната година.

HELLENiQ ENERGY инвестира над милијарда евра во обновливи извори и складирање енергија во Романија

HELLENiQ ENERGY ја забрзува својата регионална експанзија со планирани инвестиции од над една милијарда евра во Романија до 2030 година, насочени кон развој на обновливи извори и системи за складирање енергија. Со целно портфолио од 1,3 GW, Романија станува вториот најзначаен пазар за раст на компанијата, по Грција.

Мисијата на ММФ во посета на Народна банка

Посетата е дел активностите на ММФ со земјите членки и претставува можност за размена на мислења и разгледување на состојбите во економијата и финансискиот систем, спроведувањето на економските политики и предизвиците во претстојниот период.

To top