Македонија

Ристески: Оперативен план за вработување во вредност од 40 милиони евра

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе стави акцент на новиот Оперативен план за вработување. Според Ристески ова е најобемниот Оперативен план. „Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За истиот се предводени околу 40 милиони евра. Или тоа се 7 милиони […]

Заменик министерот за економија и труд Марјан Ристески кој беше дел од настанот Саем- отчет, 4 години работа за тебе стави акцент на новиот Оперативен план за вработување.

Според Ристески ова е најобемниот Оперативен план.

„Ова е најголемиот Оперативен план за вработување. За истиот се предводени околу 40 милиони евра. Или тоа се 7 милиони евра повеќе од претходниот оперативен план“, информира Ристески.

Ристески укажа дека целта на планот е да се задржат младите во Македонија.

„Оперативниот план се однесува на млади до 29 години. Многумина млади заминаа и ние на овој начин сакаме да ги задржиме во државава. Оперативниот план опфаќа околу 16 илјади лица претежно млади“, кажа Ристески.

Со Оперативниот план се предвидени 9 мерки, од кои акцент се става на две од нив.

„Главни мерки се две, самовработување и другата е вработување во постојните јавни претпријатија“, вели Ристески.

Најнови вести од: Македонија

(Видео): Ставен под контрола пожарот кај селото Грачани, „ер-трактори“ им помагаат на скопските пожарникари

Пожарникарите велат дека ќе успеат да го изгаснат пожарот, притоа изразувајќи благодарност за вклучувањето на двата „ер-трактори“ кои помогнале во запирањето на стихијата на местата кои биле непристапни за екипите кои дејствуваат од земја. Како најтежок од денешните пожари, Ангелов го оцени оној што беснее помеѓу Општина Струга и Општина Кичево.

Изложбен простор „Samsung CONNECT“ се отвара на IFA 2026, носејќи ја иднината на живеењето со помош на вештачка интелигенција

Низ телевизори, дисплеи, мобилни уреди и домашни апарати, „Samsung“ демонстрира како вештачката интелигенција може да донесе практични придобивки и да го направи секојдневниот живот полесен и поинтуитивен.

To top