Бизнис

Заедно за иднината: OKTA се приклучува на мисијата за пошумување во Јасен

Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“

Следејќи ја својата стратешка определба за заштита на животната средина и одговорно управување со природните ресурси, ОКТА АД – Скопје реализираше акција за пошумување во Националниот резерват „Јасен“. Во рамки на оваа доброволна еко-акција, преку проектот „Grizzly Reforestation 2025“, вработените на ОКТА засадија околу 500 нови садници, како директен придонес за обновување на шумските површини зафатени од катастрофалните пожари кои летово го погодија „Јасен“. Акцијата за пошумување има главна цел да помогне во обновување на деградираните делови на подрачјето на „Јасен“ и да придонесе кон долгорочно закрепнување на еко-системот во резерватот.

Јулија Цветковска, маркетинг и ПР координатор на ОКТА, потенцира дека компанијата преку ваквите иницијативи создава реални и одржливи придобивки за граѓаните. „Голема благодарност до нашиот неверојатен тим за успешната реализација на оваа иницијатива. Обновувањето на шумите е повеќе од садење дрвја – тоа значи обновување на надежта за идните генерации. Овој проект докажува дека компаниите имаат моќ да предводат вистински промени кога се водени од одговорност и солидарност. Горди сме што поддржуваме иницијативи кои создаваат позелена и поодржлива иднина – затоа ги повикувам сите да ни се придружат во остварувањето на таа визија.“ – нагласи Цветковска.

Во мај оваа година, ОКТА донираше дрон со напредна технологија за рана детекција на пожари на ЈП „Национални шуми“. Овој дрон овозможува поефикасен мониторинг на шумите и брза реакција на надлежните институции во критичните региони, придонесувајќи за заштита на шумските ресурси и безбедност на теренските екипи

Генералниот директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, нагласи дека компанијата и понатаму ќе остане посветена на поддршка на заедницата. „Овие иницијативи ја потврдуваат стратешката определба на ОКТА да биде доверлив партнер на заедницата и активен фактор во заштитата на животната средина. Со оваа акција ја потврдуваме нашата визија дека економскиот развој мора да оди рака под рака со еколошка одржливост. Во оваа прилика најавуваме дека до крајот на годината планираме уште неколку општествено одговорни активности. ОКТА повторно ќе донира фотоволтаични кровни системи во неколку институции и организации, со цел да придонесеме за подобрување на енергетската ефикасност таму каде што е најпотребно.“ – изјави Пасхос.

Во септември, ОКТА активно ги поддржа државните институции во гаснењето на големиот пожар на депонијата во Трубарево. Помошта вклучуваше ангажирање на противпожарното возило на ОКТА и донација на хемиска пена, која беше клучна за гаснење пожар со пластичен и електронски отпад. Минатата година, ОКТА ја опреми територијалната противпожарна единица во Свети Николе со специјализирана опрема за гаснење пожари на непристапни терени – поддршка што пристигна токму кога општината се соочуваше со еден од најголемите пожари.

Претходно, компанијата инвестираше во првиот центар за обука за гаснење пожари од нафтени деривати во земјата. Овој центар овозможува реални вежби и сценарија за противпожарната единица на ОКТА, како и за други државни институции и компании, под строго контролирани и безбедни услови за вработените и инфраструктурата.

Акцијата за пошумување претставува значаен завршеток на година посветена на еден од клучните столбови на CSR стратегијата на ОКТА: превенција од пожари и едукација.

 

Најнови вести од: Бизнис

(Фото): HELLENiQ ENERGY ја пушти во употреба првата батериска постројка за складирање струја во Солун

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун. Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Многу македонски компании ќе учествуваат на најголемата саемска манифестација во светот – Експо 2027

EXPO 2027 одржи од 15 мај до 15 август, темата на големата светска изложба е „Игра за човештвото: Спорт и музика за сите“ и ќе обедини учесници од повеќе од 140 земји од светот

Гувернерот Славески со македонскиот тим од Меѓународната економска олимпијада

Народната банка, како дел соработката со Сојузот на математичари, четврта година по ред учествува во подготовките на македонските средношколци за учество на Меѓународната економска олимпијада, преку стручни и едукативни активности од областа на економијата, финансиите и банкарството.

„Алкалоид“ со 23. учество на водечкиот глобален фармацевтски настан CPHI

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој.

To top