Хроника

Н.Н. (24) од Скопје прободен со остар предмет во Центар, раздвојувајќи неколку лица, кои се тепале меѓу себе!

На 28.07.2026 во 01:27 часот во СВР Скопје било пријавено дека кај „Фонтана“ на подрачјето на Центар во Скопје има повредено лице со остар предмет.

Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Н.Н.(24) од Скопје со двајца негови другари, кој изјавил дека на местото настанала физичка пресметка помеѓу неколку лица и тој се обидел да ги раздели, при што едно од лицата со остар предмет му нанел убодна рана.

Н.Н. бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

To top