Хроника

Бившиот државен правобранител Фехми Стафа уапсен за поткуп

Стафа беше задолжен за заштита на имотно-правните интереси на државата од 2018 до 2022 година

Основано сомнение за поткуп од неколку десетици илјади евра му пресуди на поранешниот државен правобранител Фехми Стафа, кој е уапсен вечерва.

Стафа ја извршуваше функцијата од 2018 до 2022 година, кога неговото име се споменуваше во врска со случајот „Трансмет“, конкретно со конфискацијата на имот на бизнисменот Сеад Кочан, како и со исплатата на хонорари од Државното правобранителство на телевизиската презентерка Бесмира Ејупи.

Приведениот беше поврзуван и со испразнетото место во Судскиот совет по завршувањето на мандатот на Селим Адеми.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top