Хроника

Бугари си го продале новороденото бебе за да си купат автомобил!

Бебето старо три дена било продадено во Грција за 3.500 евра, со кои биолошките родители си купиле половно возило

Бугарско семејство го продало своето новородено бебе во Грција за да купи половен автомобил, објави Бугарското национално радио.

Грчката полиција уапсила четири лица – бугарското семејство кое го продало детето и семејството кое нелегално го купило.

Полицијата во градот Пиргос известила дека бебето било старо три дена и за 3.500 евра неговите родители го продале на друго семејство. Примените пари биле искористени за купување автомобил, откриле истражителите. Детето е родено во болницата во градот Патрас и е продадено во градот Аспропиргос.

Случајот е откриен кога семејството што го купило бебето се обидело да го легализира со лажни документи.

Биолошкиот татко, кој е бугарски државјанин, двапати бил апсен за кражба и успеал да избега од полициската станица во регионот Илија.

Детето е хоспитализирано, а потоа за него ќе се грижат социјалните служби.

Против четворицата приведени е покренато обвинение.

Најнови вести од: Хроника

Осум месеци затвор за Игор Дашковски, потпалувачот на автомобили на бугарската амбасада – Пресудата сè уште не е правосилна

Основниот кривичен суд Скопје го осуди 44-годишниот Игор Дашковски Стојановски на осум месеци затвор за палењето две дипломатски возила пред Бугарската амбасада во Скопје, што се случи на 15 јуни годинава.

To top