Хроника

Четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие, едно лице лишено од слобода

Заповеќе пријави извести МВР

На 23.04.2026 околу 16:30 часот во СВР Скопје С.Д.(29) од Скопје пријави дека на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот партнер Е.Р.(35) од Скопје. Исто така и Е.Р. пријави дека бил физички нападнат од С.Д., а употребила и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.04.2026 во 15:30 часот во СВР Скопје 61-годишен маж пријави дека на 22.04.2026  во домот на подрачјето на општина Аеродром бил физички нападнат од неговата партнерка К.П. и нејзиниот син П.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 24.04.2026 во 03:40 часот во СВР Скопје 20-годишна жена пријави дека околу 00:10 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот партнер О.В.(18) од Скопје. Од полициски службеници од СВР Скопје О.В. бил приведен во Полициската станица Центар и по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 23.04.2026 во 20:20 часот во ОВР Делчево 57- годишен маж пријави дека неговиот зет за ќерка, М.Б. од Делчево. ја избркал од домот ќерката на пријавителот и не и дозволил да го земе нивното бебе. Известен е јавен обвинител и Центарот за социјални работи Делчево и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top