Акцијата е насочена кон откривање и сузбивање на кривични дела од областа на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал.
Од почетокот на оперативната акција „Чистач“ до денес полициските службеници извршиле проверка и утврдување на идентитетот на 74.229 лица. Извршени се речиси 159 илјади прегледи на лица, превозни средства и багаж.Уаосени се 5.628 лица, извршени се 1.158 претреси на домови и други простории, а поднесени се 1.135 кривични пријави. Од вкупниот број кривични пријави, 88 се однесуваат на сторени кривични дела од областа на насилниот криминал, додека 1.047 кривични пријави се однесуваат на кривични дела поврзани со недозволена трговија со дрога.
Ззапленето е значително количество различни видови дрога, меѓу кои марихуана, кокаин, амфетамин, хероин, хашиш и таблети МДМА, како и оружје, пари, повеќе патнички моторни возила и мобилни телефони За сторителите на кривичните дела определен е притвор, а во дел од случаите се изречени и затворски казни. Во рамки на акцијата „Чистач“, спречени се и повеќе меѓународни канали за недозволена трговија со наркотични дроги, особено на граничните премини Табановце, Деве Баир и Стар Дојран.
Реализираните активности и постигнатите резултати во „Чистач“ укажуваат на значително унапредување на ефикасноста и ефективноста на откривачката дејност на полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи и регионални центри за гранични работи. Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со спроведување на координирани мерки и активности, акции и засилени контроли на целата територија на Македонија, заради државата навремено откривање, спречување и сузбивање на насилниот криминал, недозволената трговија со дрога и прекуграничниот криминал.