Македонија

Владата нема да толерира ничиј криминал: разбиена шумска мафија во Берово, Пехчево и Делчево, уапсени директор на Македонски шуми и полициски началник!

Со оваа најнова успешна полициска акција Владата на Република Македонија и нејзиното Министерство за внатрешни работи испраќаат јасна и категорична порака: корупцијата, уништувањето на природата и злоупотребата на функциите воопшто нема да бидат толерирани, без оглед на тоа кој стои зад нив!

Спроведена е обемна полициска акција на подрачјето на Берово, Пехчево и Делчево за разбивање на организирана криминална група, која со години наназад вршела нелегална сеча на шуми, злоупотреба на службена положба, примање и давање поткуп, како и други тешки дела против животната средина. Оваа полициска акција се одвива од вчеравечер и се уште трае. Неофицијално, меѓу приведените се и сегашен директор на Јавното претпријатие „Македонски шуми“ и сегашен началник во полицијата, повеќе други полициски службени лица, шумски полицајци, службено лице од подрачна единица на министерство за земјоделие, како и сопственици на правни субјекти. Тие се сомничат дека систематски организирале нелегална сеча и транспорт на дрвна маса, која потоа преку коруптивни врски ја пласирале како легално исечена.

Групата функционирала како злосторничко здружение заради личен профит на сметка на државата и природните ресурси. Со години никој не се обидел да ја спречи нивната работа, иако пустошењето било очигледно. Тоа отвора сериозно прашање: дали на локално ниво има доволно чесност и доблест да се спротивстават на криминалот и да го заштитат јавниот интерес?

Според ова јасно се нагласува дека со оваа акција полицијата и Владата испраќаат јасна порака корупцијата, уништувањето на природата и злоупотребата на функциите нема да бидат толерирани, без оглед на тоа кој стои зад нив. Шумите се национално богатство и наследство, што мора да се сочува за идните поколенија. Надлежните државни најавуваат дека ќе продолжат со решителни акции против сите, што ја загрозуваат животната средина.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

ЕВН Македонија го започна проектот „PULSE“ за јакнење на улогата на жените во енергетската транзиција

Со овој проект, ЕВН Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде активен чинител на позитивни промени, градејќи енергетски сектор во кој еднаквоста е темел за одржлива иднина

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

Цементара Усје не е причина за загадениот воздух во Скопје. Компанијата работи по сите стандарди и ги почитува законите, затоа не гледаме причина за дислокација. Вака техничкиот директор на Цементара „ТИТАН Усје“, Гоце Цветковски одговори на новинарско прашање, прашан за тоа како компанијата гледа на обвинувањата од страна на граѓаните дека се најголем загадувач на воздухот во Скопје но и на барањата за дислокација.

To top