Хроника

Десет годишно дете физички нападнато од врсници во училиште

Во полицискиот билтен е регистриран случај на врсничко насилство во Основно училиште во скопската населба Карпош.

Во полицискиот билтен е регистриран случај на врсничко насилство во Основно училиште во скопската населба Карпош.

Инцидентот се случил вчера околу 14:30 часот, кога 10-годишно дете било физички нападнато од двајца соученици во училишниот ходник.

Подоцна, во училишниот двор, напаѓачите му се заканувале и го навредувале, при што едниот од нив го снимал настанот со мобилен телефон. Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top