Хроника

Доживотен затвор за Денис Асанов (74) за чудовишното убиство на Борјанка Николова (79) од Штип, на која и ги отсекол главата и нозете, а телото го распарчил

Асанов ја убил Николова и со остар предмет, ѝ ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место

Доживотна казна затвор доби 74-годишниот штипјанец Денис Асанов, кој лани ја убил 79-годишната Борјанка Николова од Штип, по што го распарчил нејзиното тело. Дел од нејзиниот труп беше пронајден во дворот од неговата куќа, а останатите делови од телото не беа пронајдени, иако полицијата, заедно со штипското комунално претпријатие „Исар“ извршија претраги и на депонијата „Трештена скала“ во Штип. Судијката, Јулијана Недкова денеска во Основниот суд во Штип го огласи за виновен Асанов и ја објави пресудата.

Според Обвинителството, Асанов го извршил грозоморното убиство на монструозен и немилосрден начин. Ја убил Николова и со остар предмет, ѝ ги отсекол главата и нозете, а трупот со рацете го закопал во дворот на неговата куќа, додека главата и нозете ги фрлил на непознато место.

Убиството е извршено лани, а по обдукцијата е утврдено дека жртвата имала скршени осум ребра и тешки повреди на градниот кош, најверојатно од силен притисок. Телото било пронајдено по две недели по смртта.

„Нетпрес“

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top