Хроника

Драма на лет од Фиренца до Лондон

Драма на лет од Фиренца до Лондон.

en.wikipedia.org/wiki/British_Airways

Дваесет патници на „Бритиш ервејс“ биле принудени да го напуштат летот од Фиренца за Лондон поради прекумерната тежина на авионот, што го спречувала полетувањето.

Високите температури од 35 степени предизвикале поредок воздух, што барало дополнително гориво за авионот, а со тоа и намалување на бројот на патници.

„Пилотот објасни дека поради екстремната топлина, некои патници мора да го напуштат авионот. Температурата беше околу 35 степени, а за ефикасно функционирање на моторот беше потребно повеќе гориво. Првично, персоналот рече дека 36 лица треба да излезат, но на крајот околу 20 го сторија тоа“, изјави еден од патниците.

Авиокомпанијата упати извинување и ги пребукира патниците на други летови.

„Кратката писта на аеродромот, во комбинација со високите температури, влијае на воздушниот притисок, па затоа тежината на авионот мораше да се намали. Се извинуваме за предизвиканите непријатности. Нашите тимови работат на тоа патниците што поскоро да стигнат до своите дестинации“, изјави портпарол на „Бритиш ервејс“.

Експертите укажуваат дека климатските промени ќе ги зачестат ваквите ситуации, што може да доведе до поскапи летови кон јужна Европа во иднина.

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top