Хроника

Драма во Шуто Оризари: Нападната и киднапирана девојка

Поранешниот невенчан сопруг избегал од Затвор Струмица

Во Скопје е пријавен сериозен инцидент со елементи на семејно насилство и киднапирање.

На 6 октомври 2026 година, во 22:50 часот, во Службата за внатрешни работи Скопје, мајка по име Ш.С. пријавила дека нејзината 25-годишна ќерка била пресретната на подрачјето на Шуто Оризари од страна на нејзиниот поранешен невенчан сопруг Е.К., исто така на 25 години.

Е.К. претходниот ден избегал од Затвор Струмица. Според пријавата, тој најпрво физички ја нападнал младата жена, користејќи и тврд предмет, а потоа насилно ја одвел со себе.

Полициските служби веднаш започнале со преземање мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на жртвата.

Најнови вести од: Хроника

Приведен 18-годишник поради сомнение за лажна дојава за бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово

На 17.11.2026 во периодот од 05:45 до 07:25 часот, полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам при ОСОСК, во содејство со полициски службеници од Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане при СВР Тетово, извршиле претрес во дом и помошни простории кај А.Д.(18) во с.Радиовце, тетовско, поради сомнение за сторено кривично дело лажна дојава за бомба во гимназијаts „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

На 27 ноември почнува судењето против Кристијан Корабоски (31), обвинет за претепувањето на Сара Ѓорѓиеска од Охрид

На Корабоски му е определен 30-дневен притвор откако против него беше поднесено обвинение за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста.

Раководител во Дирекцијата за заштита и спасување фатен со поткуп од 500 евра!

Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при БЈБ спровеле полициска акција во која е лишен од слобода раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување, осомничен за примање поткуп, неофицијално дознава Курир.

To top