Хроника

Двајца лишени од слобода за подметнување пожари на отворено

Едниот пироман бил фатен на дело во Општина Македонски Брод, а другиот во Општина Долнени, информира МВР

Секретаријатот за внатрешни работи Битола лиши од слобода две лица поради подметнување пожари на отворен простор.

„На 07.08.2026 во 12:00 часот во с. Грешница, Општина Македонски Брод, полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода Г.С. (45) од с. Грешница. Тој се сомничи дека претходно во повеќе наврати подметнувал пожари на отворено, а вчера околу 11:30 часот бил затекнат како на подрачје помеѓу селата Грешница и Слатина, општина Македонски Брод, исто така, подметнува пожар на отворено.

На 07.08.2026 во 17:00 часот во с. Сарандиново, Општина Долнени, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишија од слобода Г.А. (76) од Скопје. Тој се сомничи дека предизвикувал пожари на отворен простор.

По целосно документирање на настаните, против двајцата ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top