Станува збор за 34-годишниот Д.П., кому му биле изречени две парични казни од по 1.500 евра за кривичното дело „безобѕирно управување со моторно возило“.
Тој бил приведен на 29 август во 23:20 часот на граничниот премин Табановце, при обид да ја напушти земјата. При проверката на возило „шкода“ со српски регистарски ознаки, преку системот „Безбеден град“ било утврдено дека претходно двапати бил евидентиран со екстремно висока брзина.
На 22 јули, во близина на Демир Капија, тој возел со 163 километри на час, а на 20 август на истата делница бил регистриран со брзина од 169 километри на час. Во двата случаи дозволената брзина била 80 километри на час.
По приведувањето, Д.П. бил спроведен во Полициската станица Неготино за понатамошно постапување.