Хроника

Две возила опожарени во Струмица, едното, наводно, на бивш полициски инспектор

Прво било зафатен од пожар „ленд ровер“, а потоа и „форд“ паркиран до него на паркинг пред зграда

Две возила паркирани едно до друго биле зафатени од пожар ноќеска на паркинг пред зграда на улицата „Браќа Миладинови“ во Струмица.

Полицијата соопшти дека прво било опожарено патничко возило „ленд ровер“ со струмички регистарски ознаки, сопственост на Н.М. (51) од Струмица, а потоа пожарот се проширил и зафатил и друго паркирано возило „форд“, исто така со струмички таблички, сопственост на В.Т. (53) од Струмица.

Неофицијално, едно од возилата било на поранешен инспектор во Министерството за внатрешни работи.

Територијалната противпожарна единица од Струмица го изгасила пожарот, во кој нема повредени лица.

 

 

Најнови вести од: Хроника

Уапсени седум безобѕирни возачи, меѓу нив пијани, со забрани, и еден малолетник!

Седум возачи завршија во полициска станица во изминатото деноноќие, поради безобѕирно возење на патиштата низ државата. Меѓу нив имало и малолетник зад волан. Најголем дел од приведените, четворица, возеле без возачка дозвола. Еден од нив бил малолетник, кој бил затекнат како управува возило во Тетово. Други случаи на возење без дозвола биле забележани  во Гостивар, Кавадарци и Прилеп.

To top