Хроника

Го застрелал шефот на крим-полиција, па пукал во себе

Убиениот полицаец, жител на Крапина, како и сторителот, биле соседи

Тешко убиство утрово ја потресе Крапина, Хрватска, откако во еден угостителски објект беше застрелан началникот на Службата за криминалистичка полиција.

Маж (52) пукал и убил полицаец (52), кој во времето на инцидентот не бил на должност.

Потоа пукал во себе  по што бил однесен во болница со хеликоптер.

Како што неофицијално дознава „Загорје Интернешнл“, убиецот исто така им подлегнал на повредите во болница.

Како што дознава „Индекс“, убиен е Роберт Грилец, началник на Службата за криминалистичка полиција во Полициската управа Крапина-Загорје.

Во 2018 година, Грилец добил одликување од тогашната претседателка Колинда Грабар Китаровиќ за чесна и примерна служба.

Убиениот полицаец, жител на Крапина, како и сторителот, биле соседи…

Најнови вести од: Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Царинската управа спречи шверц со строго регулиран лек за малигни заболувања на граничниот премин „Богородица“

Царинската управа денеска информираше дека мобилен тим од Одделението за оперативни работи запленило вијали со медицински раствор „Xgeva“, што се употребува за малигни заболувања, а кои возач на автобус, косовски државјанин, се обидел да ги криумчари во кутија за прва помош.

To top