Хроника

IN MEMORIAM: Замина легендарниот телевизиски работник Ицко Бошковски

Македонската телевизиска сцена денеска е посиромашна за човек што остави длабок белег во македонските медиуми

По долго боледување почина Ицко Бошковски, еден од најпознатите и најпочитуваните телевизиски реализатори, човекот кој долго години стоеше зад камерата и ги реализираше вестите во А1 Телевизија и ТВ 24.

Бошковски беше дел од екипите кои го создаваа телевизискиот етер во клучни периоди од развојот на независните медиуми во земјава.

Како реализатор на вести, со својата професионалност, смиреност и прецизност придонесуваше емисиите да изгледаат уредно, динамично и професионално. За многу колеги тој беше „човекот зад камерата“ – оној што не се појавуваше пред објективот, но чија работа беше клучна за квалитетот на програмата.

Во А1 Телевизија и потоа во ТВ 24 остави траен белег со својата посветеност и колегијалност. Генерации новинари, монтажери и режисери работеа со него и го паметат како човек кој знаеше да ги смири нервите во студиото, да ја најде најдобрата рамка и да ја испорача информацијата навремено и чисто.

Ицко Бошковски ќе остане запаметен како еден од оние тивки професионалци без кои телевизијата не може да функционира. Неговото име ќе живее во сеќавањата на сите кои ја делеа со него монтажната, студиото и предизвиците на дневните вести.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top