Хроника

Инцидент во Клиничката болница во Тетово: Барале да плати за медицинска услуга, но искршил шалтер и нападнал полицаец!

Во Клиничката болница во Тетово 24-годишен жител на тетовското село Палатица агресивно се однесувал откако му било побарано да изврши уплата за медицинска услуга.

Според пријавеното во СВР Тетово, Џ.М. на 1 септември околу 19:50 часот го скршил стаклото од приемниот шалтер. При инцидентот тој и двајца вработени во болницата се здобиле со повреди.

По интервенцијата на полициските службеници, 24-годишникот физички нападнал и полициски службеник.

Поради сериозноста на повредите, Џ.М. бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување медицинска помош.

Извршен бил увид на местото, а од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top