Хроника

Изречена ефективна затворска казна за возач за брзо возење – прва во Повардарието

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч.

Кавадарчанецот А. М. (36) доби ефективна затворска казна бидејќи возел со високо присуство на алкохол во крвта, но и предизвикал сообраќајна незгода. Тој е првиот осуден за вакво дело на подрачјето на Кавадарци, Неготино и Велес, пренесе СДК.мк.

  • „Апелациониот суд во Скопје, по поднесена жалба од ОЈО Кавадарци за кривичното дело Безобѕирно управување со моторно возило по чл. 297-а од КЗ, каде возилото е управувано со 3,21 промил алкохол, ја замени паричната казна од 2.000 евра со казна затвор од 6 месеци, а ја потврди мерката за безбедност, забрана за управување возило од Б-категорија од две години. Времето поминато во затвор не се смета во времето за забрана за управување со возило“, информираа од ОЈО Кавадарци.

Лани на 17 декември, како што соопштија од СВР Велес, на крстосницата на улиците Народен фронт и Коле Подлешки во Кавадарци. А. М. со патничко возило „форд“ со велешки регистарски ознаки удрил во паркирано патничко возило „сузуки“ со кавадаречки регистарски ознаки. По преземените мерки во врска со незгодата, било констатирано дека А. М. го управувал возилото со 3,21 промил алкохол во крвта.

На 19 октомври, Основниот суд во Неготино донесе две нови пресуди со казнен налог за странски државјани кои пребрзо возеле, двојно повеќе од дозволеното. На В. Ж. и Н. З. од Србија, за сторено кривично дело Безобѕирно управување со моторно возило по член 297-а, став 1 од Кривичниот законик, им е изречена алтернативна мерка, условна осуда со утврдена казна затвор во траење од по три месеци, која нема да се изврши доколку обвинетите во рок од една година по правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело. Изречена им е и парична казна во висина од по 1.000 евра, како и забрана за управување со моторно возило од Б-категорија во траење од по една година на територијата на Македонија, информираа од Основниот суд во Неготино.

Н. З. (36) на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија управувала „мерцедес“ со српски регистарски таблички со брзина од 169 км/ч на место каде што дозволената брзина е 80 км/ч. В. Ж. (57) со автомобил „ауди“ возел на делницата од автопатот Демир Капија-Гевгелија со 175 км/ч на место каде што е дозволена брзина од 100 км/ч. И двата случаи се регистрирани преку системот „Безбеден град“. Двете лица биле уапсени вечерта на 18 октомври на граничниот премин Табановце.

Најнови вести од: Хроника

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

Најнови вести

To top