Хроника

Ќе ги избркаме сите војници на САД – Екс соработник на Заев и Ахмети му се закани на Трамп (ВИДЕО)

Ќе ги преземеме сите американски бази од Авиано до Рамштајн и Романија

Ќе ги избркаме сите војници на САД  порачува екс соработник на владата на Заев и Ахмети кој му се закани на претседателот Трамп.

Гинтер Ферлингер кој беше најмен од владата на СДСМ и ДУИ да селектира проекти во Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР) кој сега е под истрага, ја коментира позицијата на САД за Гренланд.

 

Ферлингер кој е претседавачот на Австрискиот комитет за проширување на НАТО одговара на објава на сопруга на советник за внатрешна безбедност на Трамп и се заканува дека ЕУ ќе ги преземе сите бази на САД во Европа.

 

,,Ако го земете Гренланд ние ќе ги преземеме сите американски бази од Авиано до Рамштајн, од Романија до сите други воени бази, ќе ги конфискуваме и ќе ги загубите. Ако го земете Гренланд ќе мора да заминете.

Може да се одбраниме и без вас и вашето нуклеарно оружје, без американски војници и бази во Европа. Ќе ги водиме базите сами и ќе ги пратиме вашите момчиња во Чикаго и Охајо”, вели Ферлингер во обраќањето до Америка.

@theworld_2080Gunther Fehlinger, an Austrian politician and chairman of Austria’s NATO Enlargement Committee, issued a provocative warning to the United States amid renewed tensions over President Trump’s expressed interest in acquiring Greenland. #greenland #EUvsUS #NATO #usmilitary #WorldPolitics #geopolitics #trending #europe

♬ original sound – The World

Најнови вести од: Хроника

По невремето во скопски Карпош покрај повредената жена (86) пронајдена и експлозивна направа!

МВР информира дека синоќа во 20:25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Карпош паднало дрво и со тешка телесна повреда се здобила К.М.(86) од Скопје, по што била пренесена во Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски” за укажување на лекарска помош.

Обвинителството: Отворена истрага за загадувањето на водата во Гостивар, побаран притвор за тројца осомничени

За трите лица вработени на одговорни функции во ЈП „Комуналец“, осомничени за загадување на водата во гостиварскиот водовод, ќе се бара притвор, а во зависност од новите докази, истрагата ќе се прошири. Пред судијата на претходна постапка осомничените од 12 часот даваат искази по што ќе биде познато дали ќе им бидат определени мерки за обезбедување.

Во туѓо име подигнувал надомест за невработени

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Ј.К.(52) од Саса,  Македонска Каменица, поради постоење основани сомнежи за сторено кривично дело „измама при добивање кредит или друга погодност” и против Б.К.(57) од Кочани за „поттикнување” во врска со „измама при добивање кредит или друга погодност”.

Жител (40) од Пробиштип подолго време им се заканувал на три жени и со употреба на електрошокови им изнудил 1800 евра!

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднесе кривична пријава против 40-годишен жител на Пробиштип, поради сомнение дека сторил кривично дело „изнуда“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

To top