Хроника

Кривична пријава против 61-годишник од Желино: Полово вознемирувал на работа

Мажот повеќе од еден месец секојдневно влегувал во продажниот објект и ѝ упатувал недолични зборови кога жената била сама

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 61-годишен жител на Желино поради сомнение дека подолг период полово ја вознемирувал жена на нејзиното работно место, информира Министерството за внатрешни работи.

Според пријавеното, А.А. повеќе од еден месец секојдневно влегувал во продажниот објект каде што работела жената и, во моменти кога таа била сама, ѝ упатувал недолични зборови.

МВР посочува дека станува збор за сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“, поради што против 61-годишниот жител на Желино е поднесена кривична пријава.

Случајот е во надлежност на институциите, кои треба да ги утврдат сите околности и факти поврзани со пријавеното однесување.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top