Хроника

Кривична пријава против инспектор: Пукање во СВР Струмица откако примил решение за отказ

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава

freepik.com

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција. Пријавата е против А.Б., самостоен инспектор во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, поради основано сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, согласно член 288, став 3, во врска со став 1 од Кривичниот законик.

Инцидентот се случил на 30 април 2025 година, околу 10:25 часот, во службена просторија во кругот на Секторот за внатрешни работи Струмица. Според пријавата, А.Б., во присуство на повеќе полициски службеници, по примањето и потпишувањето на решението за отстранување од работното место и по наредба од началникот да го предаде службеното оружје, извадил пиштол од бирото, извршил репетирање и испукал куршум кон вратата на метален сеф во просторијата. Со овој чин, тој предизвикал значителна опасност за животот и безбедноста на присутните.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка против А.Б., со мерки што вклучуваат суспензија од работното место до завршување на постапката, одземање на службеното оружје и муницијата, како и задолжителен психијатриски и психолошки преглед.

Најнови вести од: Хроника

Претседателката ги додели стипендиите „Борис Трајковски“ за академската 2025/2026 година

Резултат на заедничката активност и соработка на Претседателот на државава, Министерството за образование и наука, Меѓународната фондација „Борис Трајковски“ и Европскиот кампус на Универзитетот Јорк, Сити Колеџ од Солун, Грција

Падна „Cloudflare“, еден од најголемите провајдери на заштита од сајбер напади

Глобален прекин во работата на Cloudflare попладне предизвика проблеми кај илјадници корисници ширум светот, вклучително и во Македонија, при пристапот до популарни услуги како X (бившиот Twitter), ChatGPT, Spotify и многу останати.

Газдата на познатиот скопски фаст фуд ланец му подари нов автомобил на својот вработен: Гинеше со мене кога беше најтешко (ФОТО)

Мише Цвејевски, сопственикот на познатиот скопски ланец за сендвичи Baking Bread, направи несекојдневен гест во македонските услови – му подари автомобил на својот најдолгогодишен вработен, Антони.

To top