Хроника

Лицето што осквернави 11 гроба во Бутел лишено од слобода

Мажот што ги вандализирал гробните места со метален предмет и побегнал приведен во Шуто Оризари

Министерството за внатрешни работи го расчисти случајот со сквернавењето гробови на градските гробишта во Бутел.

„На 13.06.2026 во 17:50 часот на подрачјето на Шуто Оризари во Скопје полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода К.К. (24) од Скопје. Имено, на 12.06.2026 во 17:00 часот во СВР Скопје, вработен во Градските гробишта ‘Бутел’ пријави дека го забележал К.К. како со метален предмет оштетил 11 гробни места и побегнал од местото. По преземени мерки тој е пронајден и приведен во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top