Хроника

Македонски камионџија загина во судар со друг камион во Италија

Двата камиона се судриле на влезот во каменолом на периферијата на Равена, другиот возач префрлен со хеликоптер во болница

Шеесетгодишен државјанин на Република Македонија со престој во Италија загина во судар на два камиона во близина на каменолом на периферијата на Равена.

Месут Ислами, кој живеел во Луго, е жртвата на колизијата меѓу двете товарни возила, од кои едното влегувало, а другото излегувало од каменоломот.

Во несреќата, во која едниот камион бил згмечен до непрепознавање, тешко е повреден другиот возач, кој со медицински хеликоптер бил префрлен во болница во Равена.

Сообраќајот на местото на настанот бил подолго време во прекин, додека не биле отстранети двете тешки возила.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top