Свет

Нема да има италијански војници во Украина: Јасна порака од Мелони

Италијанската премиерка Џорџа Мелони, пред заминувањето на самитот на ЕУ во Брисел, изјави дека Италија е „отворена за секое решение“ во врска со замрзнатите руски средства, но предупреди дека нивно користење без цврста правна основа би било „прва вистинска победа за Русија“.

Во обраќањето пред италијанскиот парламент, Мелони повтори дека Италија „нема намера да испраќа трупи во Украина“.

Таа најави дека Италија ќе го формализира барањето за прекин на преговорите за трговскиот договор со Меркосур (јужноамерикански блок), додека не се вклучат гаранции за европските земјоделци.

Во врска со корупциската афера во Украина, Мелони истакна дека Италија нема да го прекине финансирањето, но ја следи ситуацијата и ги оцени потезите на Киев како „охрабрувачки“.

Изјавите на Мелони доаѓаат пред клучниот ЕУ самит, каде се очекува дискусија за поддршката за Украина и економските санкции кон Русија.

Најнови вести од: Свет

Иран: Ако Америка пак нападне, ќе удриме по Европа!

„Ако американски авиони полетаат од американска воена база – дури и ако таа се наоѓа во некоја европска земја или во некој друг оддалечен регион – за да го бомбардираат Иран, ние ќе ги гаѓаме и тие бази“, изјави иранскиот шеф за безбедност, Мохсен Резаи

To top