Хроника

Малолетник тешко повредил жена со електричен тротинет во Тетово

Жената во неконтактибилна состојба била префрлена во Клиничкиот центар во Скопје по ударот од 16-годишникот

Нов инцидент со електричен тротинет, овојпат во Тетово и со тешки последици за пешак.

„Денеска околу 10 часот во СВР Тетово е пријавено дека на улица „Илинденска“ во Тетово, пред главниот суд, се случила сообраќајна незгода во која електричен тротинет управуван од 16-годишно момче од село Лисец, го удрил пешакот И.Ѓ. (32) (женско) од село Непроштено. По несреќата,  И.Ѓ. во бесконтактна состојба веднаш била однесена во Клиничката болница во Тетово за укажување лекарска помош, од каде, поради сериозноста на повредите, била префрлена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопјe. Екипа на СВР Тетово извршила увид на местото на настанот“, соопшти полицијата.

Најнови вести од: Хроника

„Мислеше дека е мртва и сакаше да се ослободи од нејзиното тело“, тврди мајката на претепаната девојка во Охрид

Најголемата среќа во целата оваа трагедија е што Сара дошла при свест пред напаѓачот да успее да ја однесе и да ја фрли во некоја провалија. Токму затоа, кога сфатил дека таа се освестила, ја фрлил на улица“, наведува мајката

Битолчанка (21) била давена од момчето – Откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

Гасен пиштол со рамка пронајден кај ученик (15) во средно училиште во Тетово

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

Мајка цела ноќ ја барала исчезнатата ќерка (12): Била заклучена во автомобил во Сарај!

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била заклучена против своја волја во автомобил од малолетник, по средба во паркот Сарај. Девојчето, кое претходно било пријавено за исчезнато, се вратило дома следното утро, соопшти Министерството за внатрешни работи.

To top