Хроника

Штипјанка измамена за подигнување на кредит

Четириесет и две годишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра

Четириесет и две годишна жена од Штип вчера пријавила дека била измамена од едно лице за сума од 4.713 евра. Во СВР-Штип измамата ја има пријавено вчера во 15 часот, а според пријавеното измамникот се претставил како директор на финансиско друштво и таа контактирала со него преку мобилна апликација за да ѝ помогне за подигнување кредит во име на нејзин пријател.

-Како што е пријавено, со прикажување на лажни факти, од неа барал по разни основи да врши уплата на различни сметки во странство, а откако ги реализирала уплатите, за што бил запознаен пријателот, дознала дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот-се вели во соопштението од СВР-Штип.

Инаку, претходно мета на измами беа поврзасни лица, кои на лажни лекари им даваа пари за интервенции на нивни блиски во семејството, за што од СВР-Штип апелираа граѓаните да внимаваат и случаите да ги пријавуваат во полиција.

Најнови вести од: Хроника

Битолчанка (21) била давена од момчето – Откако бил пријавен, им избегал на полицајците низ прозорец

Бети Ангеловска од Битола, мајка на 21-годишна девојка која минатата недела во полиција пријавила дека била давена и задушувана со голи раце од момчето со кого била во врска и од кого според пријавата – година и половина трпела тепање, закани за убиство и психичко малтретирање, бара итно полицијата да го пронајде осомничениот, бидејќи откако бил пријавен, според нејзинината изјава, осомничениот им избегал на полицајците од полициската станица во Битола наместо да биде задржан.

Гасен пиштол со рамка пронајден кај ученик (15) во средно училиште во Тетово

На 13.11.2026 во 14:40 часот во средно училиште во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, во присуство на родител и училишниот педагог, лишија од слобода 15-годишен малолетник од Тетово затоа што при преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „Зораки 918-Г“ калибар 9 мм и една рамка.

Мајка цела ноќ ја барала исчезнатата ќерка (12): Била заклучена во автомобил во Сарај!

Мајка од Скопје пријавила дека нејзината 12-годишна ќерка била заклучена против своја волја во автомобил од малолетник, по средба во паркот Сарај. Девојчето, кое претходно било пријавено за исчезнато, се вратило дома следното утро, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Најнови вести

To top