Хроника

Маж од Македонија почина во авион пред слетувањето во Белград

Екипажот му дал прва помош, но 57-годишниот македонски државјанин не реагирал

Македонски државјанин на возраст од 57 години почина денеска во текот на летот од Чикаго до Белград.

На мажот му се слошило за време на летот, екипажот му дал прва помош, но тој не реагирал.

Кога авионот слетал, лекарите на белградскиот аеродром „Никола Тесла“ можеле само да ја констатираат смртта.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top