Хроника

Екстрадиран македонски државјанин од Косово баран преку Интерпол

Лицето било барано од македонското правосудство за неовластено поседување, дистрибуција и продажба на наркотични супстанции

Косовската полиција денеска ѝ екстрадира на Македонија лице со македонско државјанство барано преку Интерпол.

„Косовската полиција, со своите единици од Дирекцијата за меѓународна полициска соработка, во координација и соработка со други релевантни единици на косовската полиција и правосудните институции, на 07.05.2026 година изврши екстрадиција на македонски државјанин од Косово во Северна Македонија.

Осомничениот беше уапсен од косовската полиција откако беше баран преку ИНТЕРПОЛ со меѓународна потерница издадена од правосудните институции на Северна Македонија, за кривично дело ‘Неовластено поседување, дистрибуција и продажба на наркотични супстанции’.

Екстрадицијата беше спроведена врз основа на важечките закони и тесна соработка меѓу институциите на Република Косово и оние на Северна Македонија“, соопшти Полицијата на Косово, не давајќи детали за идентитетот на екстрадираното лице.

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top