Хроника

Маж од Марино возел со 3,02 промили алкохол, во автомобилот пронајдена воздушна пушка

Полицијата лишила од слобода 37-годишен жител на Марино, Општина Илинден

Полицијата лишила од слобода 37-годишен жител на Марино, Општина Илинден, откако при сообраќајна контрола било утврдено дека управувал автомобил со 3,02 промили алкохол во крвта, а во возилото била пронајдена и воздушна пушка.

А.С. бил приведен на 9 септември околу 14:55 часот во Марино од полициски службеници од СВР Скопје. При контролата било утврдено дека управувал автомобил „фолксваген“ со кумановски регистарски ознаки под дејство на алкохол.

Алкотестирањето покажало присуство на 3,02 промили алкохол во крвта. При дополнителната контрола на возилото била пронајдена воздушна пушка, која била одземена.

Против 37-годишникот постојат основи на сомнение за сторени кривични дела согласно член 297-а од Кривичниот законик и член 80 од Законот за оружјето.

По целосното документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top