Хроника

Обвинителството врши обемна и финансиска истрага на „Комуналец“ од Гостивар

Истрагата за случајот со загадената вода во Гостивар се проширува. Обвинителството побарало обемна финансиска документација од повеќе институции, се дознава од извори, вклучени во истрагата.

Меѓу документите, што се анализираат, се финансиската документација од Општина Гостивар, тендерите за набавка на хлор, распишани пред јавноста да биде информирана за епидемијата, наредбите и комуникацијата меѓу Општината и ЈП „Комуналец“, како и извештаите на Центарот за јавно здравје – Тетово, особено оние од 29 јуни и 13 јули. Според истите извори, дел од документацијата веќе е доставена и се испитува, додека за останатиот дел сè уште се чека. Во рамки на постапката ќе биде извршено и финансиско вештачење. Документите од Општината ќе се споредуваат со оние од ЈП „Комуналец“, ЦЈЗ – Тетово и извештаите испратени до Институтот за јавно здравје.

„Издадени се наредби за прибирање обемна документација од Општина Гостивар, ЈП ‘Комуналец’, гостиварската болница ‘Д-р Ферид Мурад’ и ЦЈЗ – Тетово. Дел од истрагата е насочен кон финансиските извештаи и тендерите, а друг дел кон наредбите и одлуките за поставување на водните пумпи, кои исто така се предмет на вештачење“, наведува извор од истрагата. Во меѓувреме, резултатите од деветте анализирани примероци од вода пристигнале во Обвинителството, при што само еден примерок – од една чешма – бил исправен.

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека ќе се испитува и дали имало обид случајот да биде прикриен. Напоредно со оваа истрага се води и друга, поврзана со смртта на вработен во гостиварскиот водовод, кој загинал во канал десет дена пред спорните пумпи да бидат пуштени во употреба. Се очекува официјалниот обдукциски наод, иако според Обвинителството првичната причина за смртта е срцев удар.

Досега осомничени се Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, сите на раководни позиции во ЈП „Комуналец“. Ним им е определен 30-дневен притвор. Од Основното јавно обвинителство Гостивар посочуваат дека истрагата може да биде проширена и на други лица, ако се обезбедат дополнителни докази.

Најнови вести од: Хроника

Тешка сообраќајна несреќа во Гостивар: шестмина повредени, четворица од нив тинејџери

На 03.10.2026 околу 22 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на крстосницата на ул. „Кеј Вардар“ и ул. „Тоде Богдановски“ во Гостивар, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале патнички возила „голф“, управувано од Е.Р. (18), „голф“, управувано од Б.А.(19), „бмв“, управувано од М.М. (25) и паркирано возило „пасат“ во сопственост на Е.С. (54), сите од Гостивар.

Јанев по полициската операција во Прилеп: Митот за „недопирливите“ падна, повеќе не може никој да се крие зад „врски“!

По големата полициска операција, спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група, вмешана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп.

Дејан Јованов доби 30-дневен притвор за случајот „Пулс“, сега за поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов од Кочани. Тој постапуваше по предлогот за тоа Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Директорот во „Државна лотарија“ Владо Петковски на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството.

Тошковски: Разбиена сериозна криминална група, дел од неа дејствувал над 15 години во Македонија и во земји од ЕУ!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Радио Лидер соопшти детали за големата полициска акција, која вчера беше спроведена во Прилеп. Тој посочи дека е разбиена многу сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.  „Значителен дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон.“ – истакна Тошковски.

To top