Хроника

Осумнаесет возачи лишени од слобода низ целата држава

Само во Скопје и во Куманово ноќеска изречени 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци

Припадниците на Министерството за внатрешни работи имаа полни раце работа со несовесни управувачи на моторни возила и во изминатото деноноќие.

„Во текот на 21/22.02.2026 година, во периодот од 22.00 до 04.00 часот, Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи спроведе акциска контрола на подрачјето на СВР Скопје и СВР Куманово, со цел санкционирање на возачи кои не ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

При контролата изречени се вкупно 15 мерки за сторени сообраќајни прекршоци. Од нив, осум возачи биле санкционирани и исклучени од сообраќај поради управување моторно возило под дејство на алкохол.  Едно лице е лишено од слобода за сторени кривични дела по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“ и по член 383 ,,напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста”.

Дополнително, санкционирани се седум возачи за останати сообраќајни прекршоци.
За сите сторители изготвени се соодветни поднесоци.

Исто така во период 21/22.02.2026, на целата територија на државата полициски службеници лишиле од слобода 18 лица, од кои седум поради управување возило без возачка дозвола, седум лица поради управување возило под дејство на алкохол, две лица бидејќи управувале возило по истек на важноста на регистрацијата а исто така и не поседувале возачка дозвола, едно лице кое не поседувало возачка дозвола било и под дејство на алкохол и едно лице кое возело со брзина поголема од дозволената.

Возачи од Скопје, Велес, Кавадарци и еден малолетник од Тетово биле затекнати како управуваат возила без да поседуваат возачка дозвола, при што малолетникот со голема брзина удрил во електричен ормар на ЕВН и се обидел да ги прегази полициските службеници.

Возачи од Свети Николе, Кочани, Прилеп, Куманово, Богданци, Охрид и Скопје управувале возило под дејство на алкохол, додека возач од Република Србија управувал возило со брзина поголема од дозволеното, односно управувал возилото со 203 километри на место каде е дозволено 120. Возачи од Гостивар и Скопје управувале возило без возачка дозвола а исто така и важноста на регистрацијата на возилата им била истечена, додека возач од Македонски брод кој управувал без возачка дозвола бил и под дејство на алкохол.
Лицата се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

Јанев по полициската операција во Прилеп: Митот за „недопирливите“ падна, повеќе не може никој да се крие зад „врски“!

По големата полициска операција, спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група, вмешана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп.

Дејан Јованов доби 30-дневен притвор за случајот „Пулс“, сега за поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов од Кочани. Тој постапуваше по предлогот за тоа Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Директорот во „Државна лотарија“ Владо Петковски на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството.

Тошковски: Разбиена сериозна криминална група, дел од неа дејствувал над 15 години во Македонија и во земји од ЕУ!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Радио Лидер соопшти детали за големата полициска акција, која вчера беше спроведена во Прилеп. Тој посочи дека е разбиена многу сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.  „Значителен дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон.“ – истакна Тошковски.

To top