Хроника

По Македонија Аца Лукас предизвика нов балкански конфликт

Аца Лукас длабоко нè повреди сите нас, се вели во реакцијата

 

Милорад Додик, екс претседател на Република Српска и актуелен претседател на владеачката СНСД, на социјалната мрежа X објави коментар за фотографијата што се појави во јавноста на која Аца Лукас е сликан со човек кој Србите го сметаат за воен злосторник.

 

На таа фотографија Лукас седи со поранешниот командант на Армијата на БиХ во Сребреница, Насер Ориќ и пејачот од Шериф Коњевиќ.

 

Таа фотографија привлече големо внимание од локалната и српската јавност, а Додик рече дека поради неа Лукас го изгубил целиот кредибилитет за настапите во ентитетот на БиХ, Република Српска, пренесува босанскиот весник Oslobodjenje.

„Злосторствата што Насер Ориќ и неговите војници ги извршија против српскиот народ во областа на Сребреница и Братунац беа монструозни, и затоа Лукас, фотографирајќи се со него, длабоко ги повреди потомците на жртвите и српскиот народ. По овој чин, Аца Лукас го изгуби кредибилитетот за каков било иден настап во Република Српска, особено на отворањето на зимската сезона во Јахорина“, напиша Додик.

Аца Лукас длабоко нè повреди сите нас во Република Српска со дружењето со Насер Ориќ, вели Милорад Додик, долгогодишен лидер на босанските Срби.

Ориќ беше ослободен од обвиненијата за воени злосторства во Хаг, но и во БиХ.

Македонската полиција пред две недели го приведе Лукас во Кавадарци, затоа што немал дозвола за работа во земјава.

Лукас тврдеше дека власта во Македонија има нешто против него а потоа вети хуманитарен концерт во Скопје.

Засега нема најава за било каков негов концерт во Македонија.

 

 

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top