Хроника

Поднесена кривична пријава против уапсениот помошник директор во Царинска Управа, поради примање мито

На 10.09.2026 во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК го лишија од слобода Џ.И. (63) од Шипковица, Тетово, помошник директор во Царинска управа на РМ. Денеска (11.09.2026) Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против него за сторени кривични дела „примање поткуп“ и „примање награда за противзаконито влијание“.

Од април до септември 2026 година, пријавениот во повеќе наврати побарал вкупно 17.500 евра од граѓанин што го пријавил настанот. Од вкупниот износ, 7.500 евра побарал и ги примил во врска со веќе склучен договор за јавна набавка за потребите на Царинската управа, со цел договорот да продолжи да се реализира без пречки и без ризик од негово раскинување. Дополнително, побарал 10.000 евра за да го искористи своето реално влијание во постапка за јавна набавка која се наоѓала пред Државната комисија за жалби по јавни набавки. Неговата намера била, по враќањето на постапката на повторно одлучување во Царинската управа, да влијае врз изменување на критериумите во техничката спецификација во корист на правното лице, соопшти МВР.

На 10.09.2026, на претходно договорена средба, пријавениот го примил побараниот износ од 17.500 евра и потоа се упатил кон Тетово. Во близина на клучка Желино, на автопатот Скопје-Тетово, полициски службеници се обиделе да го сопрат, но тој не застанал и со возилото удрил еден полициски службеник и службено возило, по што се дал во бегство. При тоа, преку прозорецот од совозачката страна исфрлил машка ташна во која биле парите. По кратко време, полициски службеници го сопреле возилото, а Џ.И. бил лишен од слобода.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top