Хроника

Предупредување од Средно Водно: Девојка пресретната од гол маж

Девојката одлучила јавно да го сподели искуството токму затоа што често се движат луѓе сами во природа, особено жени, и сака да ги потсети да бидат претпазливи кога се оддалечуваат од главните патеки.

Млада девојка преку порталот „Скопје1“ ја сподели својата вознемирувачка приказна, со цел да ги предупреди останатите посетители на планината.

Според нејзините зборови, инцидентот се случил вчера во попладневните часови, околу 17:30, на Средно Водно. Додека таа мирно почивала сама на една ливада, подалеку од главните патеки, кон неа се приближил целосно гол маж.

„Си легнав на тревата и одеднаш забележав човек без облека на околу 150 метри од мене. Ми се обрати со прашањето ‘Како се викаш?’, што многу ме исплаши“, раскажува таа.

Во моментот на шок, девојката брзо станала, му рекла дека ќе ја повика полицијата и почнала гласно да вика. Непознатиот веднаш се свртел и побегнал надолу по патеката.

„Успеав да фатам камен во рака и да се јавам на другарка, но тој веќе исчезна“, вели таа.

Иако не може да даде детален опис на мажот, девојката нагласува дека доживеала голем страв, иако немало физички напад или директна закана за насилство.

„За среќа, не се случи ништо потешко, но моментот беше многу непријатен и застрашувачки. Бев целосно потресена“, признава таа.

Девојката одлучила јавно да го сподели искуството токму затоа што често се движат луѓе сами во природа, особено жени, и сака да ги потсети да бидат претпазливи кога се оддалечуваат од главните патеки.

Девојката побарала нејзиниот идентитет да остане анонимен.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“. Пресудата ја донесе судијата Горан Димовски од Основниот суд во Битола. Условни казни добија и членовите на […]

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top