Хроника

Внимавајте, активни неколку подметнати пожари во Скопје

Во моментов на територија на град Скопје активни се неколку подметнати пожари, од Противпожарната бригада се на терен и работаат на гасење на истите.

Во моментов на територија на град Скопје активни се неколку подметнати пожари, од Противпожарната бригада се на терен и работаат на гасење на истите.

На терен е и полицијата, која е во потрага по подметнувачите.

Инаку, активни пожари во моментов има кај Спортскиот центар „Борис Трајковски“, како и под Водно кај селото Крушопек.

Според првични информации, огнот во Крушопек брзо се проширил поради сувата трева и ветерот, а кај СЦ „Борис Трајковски“ предизвикува густ чад кој се шири во околината.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“. Пресудата ја донесе судијата Горан Димовски од Основниот суд во Битола. Условни казни добија и членовите на […]

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top