Хроника

Гостиварец со „ролс-ројс“ развил 194 км/ч на автопатот кон Тетово, уловен од пресретнувач

Возилото со тетовски таблички се движело 114 км/ч побрзо од дозволеното, возачот лишен од слобода

Возач на „ролс-ројс“ падна во рацете на сообраќајната полиција управувајќи го возилото со брзина поголема за 114 км/ч од дозволената.

„Денеска (23.10.2026) во 12:05 часот, на автопатот Гостивар – Тетово, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи, со специјално полициско возило – пресретнувач, регистрирале патничко моторно возило „ролс-ројс“ со тетовски регистарски ознаки, кое се движело со брзина од 194 километри на час, на делница каде што максималната дозволена брзина изнесува 80 километри на час.

Возачот Б.М. (44) од Гостивар е лишен од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297-а од Кривичниот законик. Преземени се соодветни мерки и активности, а против него ќе биде поведена соодветна постапка согласно закон“, соопшто Министерството за внатрешни работи.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top