Хроника

Претседателот на Стоматолошко друштво на Албанците зел мито, за да „положи“ лекарка стручен испит!

Јавен обвинител од ОЈО ГОКК денеска донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, за кои постои основано сомнение дека првоосомничениот сторил кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“, додека на второосомничениот му се става на товар кривичното дело „Примање поткуп“.

Предметната истражна постапка е оформена врз основа на доказите обезбедени при анализата на извадени податоци од мобилните телефони одземени во рамки на друга истражна постапка што ОЈО ГОКК ја води против организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала.

– Според досега прибраните докази, во декември 2025 година осомничена опфатена во истражната постапка поврзана со нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, му дала парична награда на првоосомничениот – доктор по стоматологија и претседател на Стоматолошкото друштво на Албанците, за тој, користејќи го своето реално и претпоставено влијание, службена и општествена положба и углед, да интервенира со цел за да се изврши службено дејство, што не смеело да се изврши – соопшти Обвинителството.

Првоосомничениот интервенирал кај второосомничениот – претседател на Испитната комисија за полагање стручен испит за здравствените работници со високо образование од областа на стоматологијата, при што побарал од него да ја искористи својата службена положба и да ѝ овозможи на осомничената да го положи стручниот испит, соопштуваат од ОЈО ГОКК. По положувањето на испитот, првоосомничениот ѝ ги доставил податоците од својата трансакциска сметка, а осомничената извршила уплата на паричен износ како награда за посредувањето. Согласно досега обезбедените докази, првоосомничениот дел од ветената награда му ја предал на второосомничениот.

Во текот на денот двајцата осомничени ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје. Надлежниот јавен обвинител ќе предложи определување на мерки за обезбедување на нивното присуство во текот на кривичната постапка.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top