Хроника

Притвор и куќен притвор на двете вработени во АД „Државна лотарија“ за проневера на 1,3 милиони евра

Судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје постапувајќи по предлог на Обвинителството, им определи мерка притвор и куќен притвор на двете осомничени финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ за “проневера во служба”.

Основното јавно обвинителство Скопје, двете финансиски раководителки во АД „Државна лотарија“ ги сомничи дека како соизвршителки сториле проневера во службата, така што целокупниот дневен промет за 2024 година, кој им бил доверен од продажните места, не го уплатиле и не го депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки, туку го присвоиле за себе и на тој начин присвоиле 1,3 милиони евра, доверени во службата.

Тие се сомничат за сторено кривично дело проневера во службата.

Според Обвинителството во текот на 2024 година првоосомничената на позиција директор на Секторот за финансии и сметководство и второосомничената како шеф на финансиски работи во АД за приредување игри на среќа „Државна лотарија“, вршејќи ги своите посебни овластувања и должности определени со законот, заедно учествувале во дејства на извршување на кривичното дело проневера со намера да прибават за себе противправна имотна корист.

-Тие присвоиле пари доверени во службата во значителен износ од 79.989.444 денари. Како овластени лица за подигнување готовински средства наменети за исплата на мали добивки и лица задолжени за прием и уплата на дневниот промет остварен од сопствени продажни места на друштвото, тие целокупниот дневен промет за 2024 година, кој им бил доверен од продажните места на АД „Државна лотарија на РСМ“, не го уплатиле и не го депонирале на трансакциските сметки на друштвото во деловните банки, туку го присвоиле за себе. Од банкарските сметки на ‘Државна лотарија’ подигале пари, кои, исто така, ги присвојувале за себе – се вели во соопштението од Обвинителството.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

Најнови вести

To top