Хроника

Привремен прекин: Жичарата на Водно надвор од употреба денес и утре

Од ЈСП Скопје посочуваат дека проверките се спроведуваат со цел да се обезбеди максимална безбедност и сигурност во работењето на жичарата.

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информира дека жичарата на Водно ќе биде привремено надвор од употреба на 25 и 26 април 2026 година.

Прекинот во работењето е поради редовни, но овојпат проширени технички контроли кои ќе ги вршат специјализирани екипи од австриската компанија „Допелмаер“.

Од ЈСП Скопје посочуваат дека проверките се спроведуваат со цел да се обезбеди максимална безбедност и сигурност во работењето на жичарата.

„Ги молиме граѓаните за разбирање и трпение и апелираме навреме да ги планираат своите активности за време на викендот, имајќи го предвид привремениот прекин во функционирањето на жичарата“, се вели во соопштението на ЈСП Скопје.

Најнови вести од: Хроника

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“. Пресудата ја донесе судијата Горан Димовски од Основниот суд во Битола. Условни казни добија и членовите на […]

Повторно зачестени измамнички пораки за наводна наплата на сообраќајни прекршоци – МВР повикува на внимателност

Станува збор за обиди за фишинг измами, при што преку лажни пораки и линкови се бара од граѓаните да пристапат до веб-страници и да внесат лични и банкарски податоци, со цел нивна злоупотреба.

Осум дена притвор за возачот од Битола, откако беше приведен и по вторпат: првиот пат со 3,23, а потоа и со 3,50 промили алкохол во крвта!

Х.Ј. (29) првиот пат бил запрен кај спортската сала „Боро Чурлевски“ со 3,23 промили, а два дена подоцна на Партизанска повторно возел пијан. Му е одреден осумдневен притвор.

To top