Хроника

Пронајдени повеќе од два килограма марихуана во домот на Б.Н.(25) од скопско Арачиново – уапсен е

Вчера, на 24.07.2026 година полицајци од Единицата за недозволена трговија и Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје по наредба на Основниот кривичен суд Скопје извршиле претрес во домот и други простории кај Б.Н.(25) од Арачиново, скопско.

„При претресот пронајдени се над два килограми наркотична дрога марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.“

„Б.Н. е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава согласно со Кривичниот законик по итна постапка.“ – информираат од МВР.

Најнови вести од: Хроника

Тошковски во посета СВР Тетово: „Безбеден град“ дава резултати, три жртви во сообраќајот наспроти девет минатата година

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Тетово оствари средба со ректорот и раководството на Државниот универзитет во Тетово. Потоа во Секторот за внатрешни работи Тетово разговараше со раководството за безбедносната состојба, проблемите и резултатите од работењето.

To top