Хроника

Провалено во канцеларијата на директор на ЈКП Сарај, украдени пари од дневниот промет

Полицијата истражува кражба во просториите на Јавното комунално претпријатие „Сарај“, откако од канцеларијата на директорот биле одземени пари од дневниот промет.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 4 август во Полициското одделение Сарај од директорот на ЈКП „Сарај“, И.Х. (41).

Според пријавата, во периодот од 16:30 часот на 31 јули до 6:40 часот на 4 август, непознат сторител со употреба на сила ја отворил влезната врата од канцеларијата, која се наоѓа во објектот на Општина Сарај, а потоа ја обил и фиоката од работното биро.

При тоа биле украдени пари од прометот на јавното комунално претпријатие.

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top