Хроника

Родителите на девојчињата кои нападнаа дете во општина Ѓорче Петров добија кривични пријави

Поднесени се кривични пријави против родителите на малолетничките кои нападнаа девојче во општина Ѓорче Петров

Поднесени се кривични пријави против родителите на малолетничките кои нападнаа девојче во општина Ѓорче Петров, соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи.

– Единицата за внатрешни работи – Ѓорче Петров при СВР – Скопје до ОЈО – Скопје денеска поднесе шест кривични пријави по член 201 став 1 од КЗ – запуштање и малтретирање дете, против Е.А и А.М, Е.С., Р.С. и Р.Г., С.А., В.И. и Ѓ.И., А.Т. и Т.Т., поради тоа што малолетните деца на пријавените лица извршиле кривично дело по член 386 од КЗ – односно поради физички напад врз 13-годишната малолетничка во Ѓорче Петров – се наведува во соопштението.

Се додава дека во врска со овој случај, на 29 април, ЕВР – Ѓорче Петров до ОЈО – Скопје поднесе и кривична пријава против четири малолетнички поради основи на сомнение дека извршиле две кривични дела „насилство“ предвидено и казниво по член 386 од КЗ.

Во два одделни настани, на 27.03.2026 и на 30.03.2026 година пријавените физички нападнале 13-годишна малолетничка, а видео запис и фотографии од настаните биле објавени на социјална мрежа.

Кривичната пријава е доставена до ОЈО Скопје и се постапува согласно Законот за правда за децата. Во текот на утрешниот ден (05.05.2026), СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава и против родители на инволвираните малолетници.

 

Најнови вести од: Хроника

ОЈО Скопје за „Алта банка“: Предмети отвораме на докази, а не на барања на политички партии – СДСМ му се заканува на Савески!

„Савески навреме нека се огради од Мицкоски и нека почне да си ја врши работата во интерес на граѓаните на Македонија, бидејќи во спротивно го чека истата судбина како неговите колеги во Србија!“ – се закани СДСМ преку својата портпаролка рече Богданка Кузеска.

УГД им го стави во мирување работниот однос на двајцата осомничени вработени за злоупотреби со студентски оценки

Универзитетот „Гоце Делчев“ (УГД)-Штип информира дека го става во мирување работниот однос и им се одзема пристапот во електронскиот систем на двајцата вработени против кого Основното јавно обвинителство-Штип поведе постапка за злоупотреба на службената положба и компјутерска измама.

To top