Хроника

Штекли пренесен на Клинички поради неконтактибилност и дезориентираност

Според известувањето, обвинетиот имал напади и во текот на вчерашниот ден, а денеска бил однесен во здравствена установа

Не почна судењето против Раде Трајковски-Штекли, кој е обвинет за трговија со дрога, заедно со уште 9 лица. Наместо во 10 часот, кога беше закажано, почетокот на судскиот процес во Кривичниот суд се очекува да почне со задоцнување од час и половина, а можно е да биде одложен.

Судијата Илија Трпков соопшти дека добил известувањето од затворот „Скопје“ дека  обвинетиот Трајковски е хоспитализиран на Клиниката за неврологија поради здравствени проблеми. Во известувањето е наведено дека Трајковски утрово бил неконтактибилен и дезоринетиран поради што со болничко возило е пренесен во Клиничкиот центар на преглед.

– Според известувањето, обвинетиот имал напади и во текот на вчерашниот ден, а денеска бил однесен во здравствена установа –  рече судијата Трпков.

Тој го одложи почетокот на рочиштето за подоцна, по 11 часот, во очекување дека по лекарските прегледи Трајковски ќе биде спроведен во Кривичниот суд, за да почне судењето.

Обвинението против групата на Раде Трајковски-Штекли беше поднесено на крајот на мај, по истрагата на Основото јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК). Како што соопштија тогаш од ОЈО ГОКК, тој и уште 9 лица се товарат за продажба на марихуана и на кокаин на територијата на Скопје.

Трајковски беше приведен на 19 јануари оваа година, а следниот ден му беше одреден притвор.

Истрагата против групата на Штекли почна со 15 осомничени, а стигна до 17 лица. Во обвинителниот акт се опфатени 10 лица во обвинителниот акт е затоа што во меѓувреме 7 од осомничените се спогодија со Обвинителството и добија затворски казни од 3 години до 3 години и 6 месеци затвор зависно од степенот на инволвираност во кривичните дела.

„Во периодот од јануари 2024 до јануари 2025 година обвинетите како повеќе лица се здружиле во криминална група која на територијата на град Скопје се занимавала со неовластена трговија со наркотични дроги – кокаин и марихуана. Врз основа на прибавените докази во истражната постапка утврдено е дека групата била јасно структурирана и имала строго дефинирани улоги меѓу членовите – од набавка и складирање, до пакување, транспорт и продажба на дрогата. Дрогата била складирана во специјално изнајмени станови, а потоа во помали количини дистрибуирана и продавана на наркопазарот, по утврдени цени од 4.500 до 6.000 денари за грам кокаин и 200 до 300 денари за грам марихуана. Парите од продажбата се предавале на првообвинетиот, кој како награда дел од парите им давал на останатите обвинети, а воедно им давал и насоки за проширување на мрежата на препродавачи. Членовите на групата користеле мрежа на препродавачи и посредници од кои седуммина опфатени во овој предмет ја признаа вината и се спогодија со обвинителството и притоа добија затворски казни“, соопштија од ОЈО ГОКК на 27 мај.

За потсетување, Трајковски изминатите 2 години, пред да биде уапсен преживеа неколку обиди за ликвидација. Во него беше пукано во трговски центар, а беше фрлена и експлозивна направа во дворот од неговиот дом во скопската населба Ќерамидница.

Најнови вести од: Хроника

Македонски државјанин го признал убиството на 45-годишна Гркинка на Крит

Македонскиот државјанин во петокот беше уапсен за поседување и одгледување дрога, а за време на испрашувањето во полициската станица за случајот со исчезнатата во текот на ноќта, го признал убиството

Македонката била спасена од полските спасители кои ја повратиле во живот но трагедијата не можело да биде спречена

Македонката Емилија Котевска Аврамчева била спасена од полските спасители кои ја повратиле во живот но трагедијата не можело да биде спречена и таа починала во болница

Лекар и медицинска сестра од Клиничкиот центар во Скопје шверцувале ботокс вреден 10 илјади евра, лажно го прикажале како „козметички производи“!

Царинската управа поднесе кривична пријава против доктор и медицинска сестра од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, кои се обиделе да прошверцуваат вкупно 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари (околу 9.900 евра) преку поштенска пратка, пријавена како козметички примероци со вкупна вредност од 80 долари. Во предистрагата е утврдено дека докторот од Универзитетскиот клинички центар нарачал 199 вијали со ботокс во вредност од 615 илјади денари од корејска компанија од Кореја, но се договорил во фактурата да бидат прикажани како 10 козметички производи.

Серискиот убиец од Старо Нагоричане пред суд: Обвинет за четири убиства и два обида за убиство од јануари 2025 до февруари 2026 во Кумановско

Основното јавно обвинителство Куманово поднесе обвинение против 25-годишник од Старо Нагоричане, поради четири убиства и два обида за убиство извршени во период од јануари 2025 до февруари 2026 година на подрачјето на кумановскиот регион. Според Обвинителството, обвинетиот се гони за кривично дело убиство и два обида за убиство. Според наводите, со умисла лишил од живот повеќе лица и затоа , му се заканува казна затвор од најмалку десет години, или доживотен затвор.

Во Скопје, Тетово, Кичево и Струга приведени 11 лица – кај нив била пронајдена дрога!

Во текот на изминатото деноноќие, полициски службеници на повеќе локации низ Македонија уапсија 11 лица, кај кои била пронајдена дрога. По целосно документирање на случаите против нив ќе следуваат соодветни поднесоци.

Лишен од слобода М.Р. (54), оти ги нападнал И.И. (6) и неговиот син во казино во Гостивар со метален предмет и спреј за очи

На 18.06.2026 22:00 часот на ул.„Илинденска“ во Гостивар, полицијата го лиши од слобода М.Р.(54) од Гостивар, постапувајќи по претходна пријава од И.И.(60) од Гостивар дека околу 21:00 часот физички го нападнал него и неговиот син во казино, при што употребил и метален предмет и спреј за очи.

To top