Хроника

Сведоштво: Зошто Македонците во Грција не пееле пред поп, учител или полицаец (ВИДЕО)

Поради стравот од ,,Гркомани”

Македонска држава објавува сторија за македонецот Петре Вʼчков (Петрос Воцис) кој е е роден во 1943 година во село Сетина, леринско, каде што пораснал.

Петре е син на Ѓорѓи и Нефта. Како и сите деца, и тој го поминал ужасот што тој период се случувал во Егејскиот дел на Македонија.

Во објавеното видео тој раскажува дека Македонците во Грција не смееле да пејат македонски песни затоа што биле пријавувани од ,,Гркомани”.

Особено не смеело да се пее пред попови, полицајци и учители.

Студирал природни науки, кои му биле негова страст, бидејќи тие биле продолжение на искуството што го стекнал работејќи на полињата и чувајќи животни. Од 1970 година работи како професор по биологија во приватно средно училиште.

Автор е на повеќе средношколски учебници и прирачници. Неговите статии се објавени во списанијата „Природниот свет“, „Загатките на универзумот“, „Перископот на науката“, „Арго“, „Размислувања“, „Проширувања во образованието“ и во весниците „Приватен учител“ и „Нашиот град“.

🌱 Во 1980 година е објавена неговата книга „Екологија“ (Додони), додека во 1993 година се објавени неговите популарни книги „Кој беше Адам“ и „Водич за екологија“ (Савала).

✍️ Избран е од Здружението на уметници на Лерин во списанието на прозаисти, а неговите кратки раскази се објавени во неговото списание.

🏡 Тој е оженет со Васа и има две деца, Нефта и Ѓорѓи.

Видеото е на овој линк

#ПетреВчков #ЕгејскаМакедонија #македонскадржава #македонскаисторија #македонија

Најнови вести од: Хроника

Крвав инцидент во казино во Тетово: Тројца задржани во болница, избодени двајца „миротворци“!

Во Клиничката болница Тетово ноќеска биле донесени избодени со нож Ј.Р. (48) од с. Брвеница и С.Т. (50) од с. Сараќино, Тетовско. Според пријавеното, тие биле нападнати и ранети при обид во казино во Тетово да ги разделат В.А. (44) од с. Џепчиште и А.И. (33) од с. Требош, кои се степале. Вториот тепач, инаку, бил во друштво на С.И. (26) и Ш.С. (26), исто така од Требош.

Инцидент во Чегране: Откако била пронајдена дрога, се обиделе да прегазат полицајци, па им се заканиле по живот!

Во синоќешната акција на полицијата против дрога, полицајци во Чегране биле под закана за животите, откако двајца насилници во „бмв“ се обиделе да ги прегазат, а потоа им се заканувале. Тие, всушност, дошле откако разбрале дека во куќа во гостиварското село се врши полициска рација.

Две години затвор за Пеце Матовски, поранешниот директор на РЕК „Битола“ за спорниот тендер за јаловина

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба при спроведувањето на тендерот за ископ на јаловина во периодот 2022–2023 година, на кој била избрана битолската компанија „Руд Коп“.

To top