Хроника

Таткото во алкохолизирана состојба со нож се обидел да го нападне синот, соседот го спречил

На 12 август 2026 година околу 19 часот полицијата го лиши од слобода О.Н. (61) од Пробиштип.

Според пријавеното, околу 18:30 часот пред семејната куќа во пробиштипско село, тој се обидел со остар предмет да го нападне својот син. Во нападот бил спречен од нивен сосед.

При преземањето на мерките, полициските службеници констатирале дека О.Н. бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,17 промили алкохол во крвта.

Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Најнови вести од: Хроника

Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“! – А што бидна со речиси 10 милиони евра?!

Поранешниот вицепремиер Артан Груби денеска пред Основниот кривичен суд Скопје изјави дека не се чувствува виновен за делото што му се става на товар во случајот за злоупотреби во АД „Државна лотарија“.

To top