Хроника

Тешка сообраќајка со 8 повредени на патот Прилеп-Битола

Од повредените, двајца се на Одделението за ортопедија, а останатите 6 на хирургија

Осум лица се повредени во тешка сообраќајна несреќа која утрово се случи на патот од излезот на Битола кон Прилеп се случи тешка сообраќајна несреќа, во која беа повредени дури осум патници..

Сообраќајот на делницата беше затворен , а повредените патници се пренесени во Клиничката болница во Битола.

Директорката Ненси Лозанче соопшти дека еден од повредените се оперира, а другите засега се во стабилна состојба. Од пациентите двајца се на Одделението за ортопедија, а останатите 6 на хирургија, јавува СДК.

„Клиничката болница е спремна да одговори на задачата. Сите пациенти се следат и доколку е потребно ќе се интервенира“, рече Лозанче.

Од СВР Битола велат дека во текот на денот ќе дадат подетални информации за насреќата. Магистралниот пат Битола- Прилеп е блокиран за сообраќај.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top