Хроника

Тешка сообраќајна несреќа на магистралата Кичево–Гостивар

На местото на настанот увид извршила полициска екипа, а причините за сообраќајната несреќа се утврдуваат.

Тешка сообраќајна несреќа се случи вчера попладне на магистралниот пат Кичево–Гостивар, кај месноста „Сеферов бунар“.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, несреќата се случила околу 14:10 часот и во неа учествувале четири возила:

  • товарно возило „Фолксваген Кеди“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од 62-годишниот Ф.К. од село Грешница;
  • товарно возило „Сканија“ со албански регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот А.С. од Делисуфај, Албанија;
  • патнички автомобил „БМВ“ со унгарски регистарски ознаки, управуван од 45-годишна жена од Будимпешта;
  • патнички автомобил „Фиат“ со српски регистарски ознаки, управуван од 32-годишна жена од Ниш.

Во несреќата најтешко повреден е возачот на „Фолксваген Кеди“, кој со тешки телесни повреди бил пренесен во Ургентниот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

На местото на настанот увид извршила полициска екипа, а причините за сообраќајната несреќа се утврдуваат.

Најнови вести од: Хроника

„Нетпрес“: Атанас Костов, зетот на Зоран Заев, намерно предизвикал стечај, за да не плати долг од пет милиони евра!

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против А.К., сопственик и управител на правно лице од Валандово, против самата фирма и против управител на друго правно лице од Дојран, поради сомневање за намерно предизвикување стечај, заради избегнување на обврските кон доверителите. „Овој случај се поврзува со зетот на поранешниот премиер Зоран Заев Атанас Костов и спорот за наплата на побарување од австриската компанија „АММА“, која според претходни медиумски објави, се обидува да наплати речиси пет милиони евра врз основа на арбитражна пресуда во Виена.“ – објави информативната агенција „Нетпрес“.

To top