Хроника

Н.К.(48) од Лескоец, вработен во телекомуникациска компанија, загина вчера во Елшани, Охридско, по пад од бандера

Жителот на Лескоец го загуби животот вчера, откако падна од бандерата, извршувајќи работни задачи.

Несреќата вчера во 14:40 часот била пријавена во СВР Охрид. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Увид извршиле јавен обвинител, трудов инспектор и полициски екипи. Се преземаат мерки за целосно расчистување на околностите.

Најнови вести од: Хроника

To top